Прво видео од Galaxy F: Вака ќе изгледа смартфонот на преклопувње на Samsung!

0
3082

Заедно со претставувањето на Galaxy S10 серијата, деновиве очекуваме Samsung да го претстави и својот прв смартфон со дисплеј на преклопување – познат како Galaxy F. Покрај спецификациите, сега се појави и првото видео од уредот:

The Verge сподели видео за промовирање на Samsung Unpacked настанот, кој ќе се одржи на 20 февруари. Во исто време, Samsung ќе ги претстави Galaxy S10E, Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10X (уредот со 5G технологија). Покрај нив, уште еден возбудлив смартфон кој ќе го претстави компанијата е Galaxy F – уредот на преклопување.

Видеото покажува дел од работите кои може да ги добиеме во иднина – smart огледало кое може да ја мери вашата облека, робот кој може да црта тетоважа додека уметникот го креира дизајнот на таблет и последно, телефон на преклопување. Почнувајќи од 24-тата секунда, можеме да го забележиме Samsung Galaxy F. Корисникот го отвара нагоре, исто како да чита книга.

Според Samsung, Samsung Galaxy F ќе чини речиси двојно повеќе од премиум смартфон. Тоа значи дека неговата цена ќе биде помеѓу 1,700 и 2,000 долари. Уредот ќе има и 4.6 инчен дисплеј, кој откако ќе биде отворен се претвора во 7.3 инчен панел.

Извор : GSM