ПРВИОТ ЧОВЕК НА (РФМ) ЖИВКО МУКАЕТОВ НАЈАВИ ОГРОМЕН РАКОМЕТЕН НАСТАН ВО МАКЕДОНИЈА, ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ИГРААТ НАТПРЕВАРИ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЖЕНСКИ РАКОМЕТ

0
583

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, на прес-конференција го најави Европското првенство (ЕП) кое оваа година ќе се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија. Претседателот на мак-ракометот испрати апел до сите за поддршка на девојките и воедно кажа дека овој настан е голем за државата.

„За нас е голем предизвик и чест што можеме да бидеме организатори, ова е најголемиот настан кој се случува во Македонија. Ние сме во група со Франција, Холандија и Романија, во вториот круг доаѓаат репрезентациите со висок квалитет. Апелирам до сите љубители на ракометот да дојдат им дадеме поддршка на ракометарките, на стручниот штаб. Ја повикувам македонската јавност да дојде во поголем број да ги бодриме нашите репрезентативки, воедно во живо да ги видиме најдобрите европски ракометни репрезентации. Да уживаме во европски ракомет. Благодарност до Владата која се зафати да ги досреди сите работи во СЦ “Борис Трајковски“ кои треба да се корегираат. Треба да покажеме дека сме подготвени да организираме врвен настап на европско ниво“, изјави Мукаетов.

На стартот на првенството нашиот национален тим игра во групата Ц со Франција. Потоа следи дуел против Холандија, а крајот на првата групна фаза е закажан за Романија. Натпреварите се играат од 5 до 9 ноември.