ПРВИОТ ИЗБОРЕН МИТИНГ ГРУЈО ГО ОДРЖА ВО СТУДИОТО НА АЛСАТ М, ЕВЕ ШТО ВЕТИ!

0
1908

Што вети Груевски на Ал сат?

Вети дека ако се врати на власт ќе го правел одново истото што го правел сите 11 години додека беше на власт.
А тоа значи, дека:
Одново ќе апси и осудува безброј невини луѓе и политички противници.
Одново ќе лустрира по нарачка и живи и мртви непријатели на неговиот режим.
Одново ќе затвора медиуми и ќе ја укине слободата на печатот.
Одново ќе вработува само партиски кадри кои ќе јадат шницли од бизон и ќе трошат бесрамно од службените кредитни картички.
Одново ќе прислушува нелегално илјадници граѓани.
Одново судството ќе биде под негова контрола.
Одново ќе троши милони евра за споменици и барок.
Одново ќе зема милионски коруптивни провизии од “жутите”.
Одново неговата партија ќе се богати и ќе гради царски палати за себе.
Одново ќе нарачува насилни протести и удирање шамари на избрани градоначалници од други партии.
Одново ќе начекува и купува плацеви на Водно за џабалук.
Одново ќе уништува туѓи бизниси и зацрнува човечки судбини.
Одново ќе не убедува дека сме антички Македонци.
Одново ќе ги заостри односите со сите соседи, со САД и со замјите од ЕУ а ќе гради пријателство само со Турција и со владата на Путин.
Одново Латас, Миленко и Мирка ќе бидат овластени да ни ја соопштуваат единствената вистина и да водат медумски хајки против непријателите на режимот.
Одново ќе ги краде изборите и ќе гласаат жителите од Пустец во неколку општини.
Одново тој ќе дава само нарачани интервјуа за одбрани новинари и медиуми.
Одново ќе не третира сите како овци кои тој Пастирот ќе може да ги стриже или по потреба кожата да им ја одере.
Одново ќе не убедува дека токму тоа што тој го прави е патриотизам а сите што го критикуваат се национални предавници.
И замислете, тој одново да дојде на власт,токму со вакви ветувања на локалните избори.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов