Првата поголема надоградба на Windows 10

0
1308

Windows 10 ја доби првата надоградба по објавувањето на оперативниот систем на 29 јули, но моментално се работи на поголемо издание кое ќе излезе наредната недела.

189494649455c64024b021c334180686wide-550x300

Како што велат најновите извештаи, Windows 10 Release 1, ќе биде објавен на 10 август. Она што се уште не е јасно е тоа дали Microsoft овие надоградби ќе ги пушти најпрво на членовите на Windows Insider или одма ќе бидат објавени за сите корисници.

Во основа, Service Release 1 е уште еден голем пакет кој е посебно наменет за отстранување на грешките и оптимизација на оперативниот систем.

Со ова почнува стратегијата која како што ја нарекуваат од компанијата „Windows како сервис“ во која се очекува брзо темпо на објавување на надоградувањата.