ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВЧЕРА УПАДНАЛЕ НА СРЕДБАТА НА ПРЕМИЕРОТ СО СТУДЕНТИТЕ ВО ОБИД ДА ЈА САБОТИРААТ ЗАТОА ШТО ОЧАЈНО ИМ ТРЕБААТ СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ

0
928

Во текот на вчерашниот ден со неколку колеги влеговме непоканети на “театарот” кој беше организиран од СДСМ и Коалицијата, поточно од оние што беа предлагачи на спорниот закон за студентски оброк. Иако не ни беше дозволено да земеме збор, сепак земавме учество и го образложивме нашиот предлог кој е преточен во закон и во моментов е единствениот во процедура, а тоа е:

➡️ да се задржат условите за остварување на правото на студентски оброк по законското решение од 2020-та година.
➡️ средствата за студентски оброк да се покачат од 120 на 160 денари поради инфлацијата.

Средбата беше прекината и на помош беше повикан премиерот Ковачевски. По вечерашната средба во Собранието помеѓу премиерот на студентите не им се исполнети следните барања:

1. Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк
2. Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;
3. Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови и стопирање за најавената приватизација на студентски домови
4. Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;

Единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на катастрофалниот Предлог-закон за студентски субвенциониран оброк кој го поднесе владеачкото мнозинство.
Неопходно е да се реализираат и останатите барања на студентите кои се скромни и нормални за и онака катастрофалниот студентски стандард.