Пратениците-меници од ВМРО-ДПМНЕ добиле налог да не мрдаат од Собрание, се договара седница за распуштање на парламентот

0
1250

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се во полн состав во моментов во Собранието, не си одат дома, бидејќи добиле налог да останат тука, поради можна едница за распуштање на Собранието, пишува СДК.

„Тука сме, чекаме. Во моментов тече координација на пратеничките групи кај претседателот Трајко Вељаноски. Најверојатно ќе има седница на која првин ќе биде изгласан буџетот за 2017 година, кој е готов, спакуван одовде и и испратен во Владата, за веднаш потоа Вељаноски да закаже итна седница за распуштање на Собранието“, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Претходно координаторот на СДСМ Горан Сугарески соопшти на прес-конференција дека пратениците од опозицијата поднеле иницијатива до Вељаноски за итна седница со единствена точка на дневен ред распуштање на Собранието. Во исто време таква иницијатива поднесе и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.