Пратеникот Зоран Илиоски од Чавков добил илинденска честитка – Го вработил неговиот син без оглас!

0
2914

Партизацијата на МВР продолжува и понатака од ден во ден, но покрај јавните огласи з прием на припадници на МВР, имаме и случаи кога преку ноќ во МВР се вдомуваат и синовите на пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Најнов случај повторно е во Битола, кога како честитка за Илинден Митко Чавков му врачил преку ноќ решение на синот на пратеникот Зоран Илиоски. Синот на Зоран Илиоски, Иван Илиоски вчера, на ден 03-08-2016 година, без претходен оглас е вработен во СВР Битола на работно место како ИСПЕКТОР ПО ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ, со завршен факултет за Информатика, јавува „Охрид скај“.

Зоран Илиоски, е пратеник од 2014 година, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ до 2014, и директор на ЈП Водовод Битола цели 8 години! Зоран Илиоски, беше еден од предводниците на ГДОМ за спас на Владимир Талевски -„ Транспортер“.

До кога ќе се партизира МВР во МВРО ВМРО?

Извор: Охрид скај