ПРАВДАТА КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ ДОСТИЖНА И ЗА СИРОМАШНИТЕ – Маричиќ: Од денеска поевтини судски такси, ќе платите најмногу 6.000 денари, наместо 48.000

0
1204

Судските такси се значително намалени од денес. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари. Трошоците за судските такси, во првостепена постапка, ќе се движат од 480 денари до 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес конференција.

Новиот тарифник е во сила од денеска, додаде министерот, а износите за предмет во првостепена постапка се за околу осум пати намалени во однос на претходните цени.

– Очекуваме ваквите промени да бидет во интерес и на адвокатите и вештаците, бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да стигнат до правдата – рече Маричиќ.

Новиот тарифник за тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка според вредноста на спорот до 10.000 денари судската такса ќе изнесува 480 денари. Потоа, до 20.000 денари ќе чини 800 денари, над 40.000 денари 1.200 денари, над 60.000 денари 1.800 и над 100.000 денари ќе се плаќа 2.000 денари.