По 16 години разрешен командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски

0
1168

Командирот на противпожарната бригада на град Скопје Благоја Менковски е разрешен од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.,

За порталот „Актуелно“ Менковски го потврди неговото разрешување, но не сакаше да коментира ниту за причините, ниту дали го очекувал ова. Тој само рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години.

– Досега, речиси 17 години како Командир сум одговорил на сите предизвици и немало забелешки за мојата работа, изјавил разрешениот Менковски.

На негово место веднаш е именуван Ѕвонко Томески. Од град Скопје и градоначалникот Трајановски нема никаква информација за смената на првиот човек во Противпожарната бригада на град Скопје.