По налог на Груевски требало да се поштеди човек со 5,5 тони црвена нафта

0
955

Zaev pred vlada

Другиот сет на разговори говори за безаконие нарачано лично од Груевски. Човек кај кого е најдено 5,5 тони црвена нафта, се договараат како да го поштедат од обвинение.
Во случајот покрај Јанкуловска вмешани се Митко Чавков новиот министер за Внатрешни работи, меѓу вмешаните е Горанче Савовски тогашен началник, а сега директор на УБК и Горан Трајков директор на УЈП.

Станува збор за фирмата „Тандем“ од Неготино, чиј сопственик е, како што велат, поранешен човек од обезбедување. Јанкуловска по директива на Грувески, се договара со Савовсвки да не му прават сега контрола за да го поштедат, односно како да „изменаџираат“. Савовски ветува дека ќе ги стопира контролите, а таа да му се јави на Чавков.