Владата на затворена седница го повлекла предлогот Бесмриа Ејупи 28 годишната ТВ презентерка да биде генерален конзул на Македонија во Њујорк, објави Телма.
Случајот покрена многу рекации во јавноста откако пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова.
Ејупи во совојата биографија како работно искуство има наведено дека работела како презентерка во четири телевизии.
МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи, наведувајќи дека биле објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Во реакцијата директно не се споменува назначувањето на Ејупи, туку дека земјава во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во реакцијата се наведува дека моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.