По апсењето Владиката Петар осветољубиво го расчини Игуменот Гаврил

0
1131

Епархискиот црковен суд Австралиско-новозеландската епархија го расчинил Игуменот Гаврил. Веста дека членовите на епархискиот-црковен суд одлуката ја донеле зад затворени врати во црквата Св. Илија во Футскрај, ја објави „Радио Илинден“ од Мелбурн.

Според информациите на радиото, седницата на црковниот суд, со кој претседавал Владиката Петар била строго обезбедувана во текот на целиот ден.

-Се расправало за случајот Отец Гаврил и другите проблеми во Епархијата. Под мачна атмосфера сепак Отец Гаврил бил расчинет. Од поголема група од страната на Владиката Петар дознаваме дека се изнесени многу големи клевети против Отец Гаврил кој тие тврдат дека се вистинити, а од другата страна верниците не веруваат во тие невистинити клевети и велат дека и од една и од друга страна претеруваат и ова што се случува е најмалку христијански, пишува „Радио Илинден“

Инаку, Игуменот Гаврил практично не беше дел од епархијата со која раководи Владиката Петар, туку под надлежност на Владиката Тимотеј. За оваа одлука на епархискиот-црковен суд, сега ќе треба да се изјасни Архиепископскиот црковен суд.

Инаку, според информациите на „Радио Илинден“Отец Гаврил не бил известен ниту поканет за денешната седница на епархискиот-цековен суд.