ПОЧНА СУДСТВОТО ДА СЕ ЧИСТИ ОД ЃУБРЕТО: СУДИЈКАТА ВЕСНА КИЧЕЕЦ ОД ОХРИД РАЗРЕШЕНА ЗАШТО ГО РАЗВЛЕКЛА СУДЕЊЕТО ЗА МОМЧЕТО УБИЕНО НА НОВА ГОДИНА, ОВОЗМОЖУВАЈЌИ МУ НА УБИЕЦОТ ДА ИЗБЕГА ВО СРБИЈА

0
844

Судскиот совет денеска ја разреши од функцијата судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид и ја оддалечи од работното место, поради што веќе таа не смее да се појави во судот, и покрај што има право на жалба.

Ваквата најтешка санкција на Кичеец ѝ била изречена за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, кој на 1.01.2016 година на новогодишната прослава го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски. Откако го убил со ќотек Матилоски, туристот Бојан Угреновиќ се вратил во кафе барот и продолжил да слави.

Набргу Угреновиќ беше уапсен и притворен на барање на Охридското обвинителство. Но, постапката ја развлече судијката Весна Кичеец која денеска беше разрешена поради тоа. Таа судењето го развлечка до истек на законскиот максимум за притвор, по што таа го пушти српскиот државјанин на слобода.

Веднаш штом излезе од притвор, Угреновиќ избега од Македонија, а Кичеец потоа го судеше во отсуство.

За нестручно и несовесно вршење на судиската функција, денеска е разрешен уште еден судија, а друг има дисциплинска мерка.

Од она што го дознаваме неофицијално, заостанати предмети за разрешување на судии Судскиот совет има многу малку. Меѓу тие е и поранешната в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 Тања Михајлова, која дојде на местото на Владимир Панчевски во 2016 година. Неа Судскиот совет не може да ја донесе на седница оти постојано вади и испраќа лекарски уверенија дека е болна.

Извор СДК.МК