Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

0
888

Започна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, јави Мета.

11787364_1479468552368251_635089416_n-1-540x405

Средбата се одржува во Клубот на пратеници, а тема на денешниот состанок е специјалниот јавен обвинител.

Претставници на СДСМ се Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, а ДПА Имер Алиу и Беким Фазлиу.

Засега, ниту една од партиите не открива детали од работните средби. Но, според информации од преговарачките тимови, постои доближување на ставовите на владејачката партија и на опозицијата околу прашањата кои се тема на преговорите.

На средбата, која за прв пат се одржува во вечерните часови, присуствува белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.