Почина млад доктор откако му се слошило во автомобилот за време возење кој потоа удри во дрво, поранешен секретар на СДММ

0
1309

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слоши и со автомобилот удри прво во друго возило во движеша, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје. По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

„Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант на Клиниката за пулмологија, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на Клиниката за реанимација (КАРИЛ) во Клиничкиот центар.

Од МВР соопштија дека на 14.10.2020 во 16.35 часот добиле пријава дека на крстосницата на улиците Орце Николов и Франклин Рузвелт има сообраќајна незгода помеѓу Ситроен со гостиварски ознаки и Опел со струмички ознаки.