Почина авторот на емисијата „Светот на дланка“

0
1466

Најпознатиот „српски патник“ Слободан Миќиќ, кој на регионалната јавност и беше познат по патеписните емисии „Светот на дланка“, почина денеска по долго боледување на 76-годишна возраст.

Тој во своите емисии на гледачите им ги приближуваше земјите и културите, кои често беа надвор од видокругот на домашната и регионалната јавност.

Миќиќ, кој е економист по занимање, успеа преку своите емисии да ги однесе луѓето во најдалечните делови на планетата – од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде беше почесен конзул, ги отвори вратите на многу дестинации, а на публиката им ги приближи необичната храна и обичаите.

Со туризам почнал да се занимава во агенцијата „Путник“, каде поминал 25 години. Зборувал англиски и германски јазик.