ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО на пратеничката Жаклина Лазаревска: Павле Богоевски не спаси од намерата на терористите да не фрлаат од галеријата на прес салата

0
2780

И по една недела од крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија, траумите на пратениците кои беа цел на насилниците се големи. Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска заедно со останите колешки пратенички во време на нападот се наоѓаа во галеријата на прес салата.pratenicki2-768x432

-До пред некој ден мислев дека тоа силно го дочекав цврсто на нозе но верувајте како што поминуваат деновиве се повеќе и повеќе ја чувствувам траумата .Како во хорор филм да бевме во живо- вели за Бриф, Лазаревска.

-До пред некој ден мислев дека тоа силно го дочекав цврсто на нозе но верувајте како што поминуваат деновиве се повеќе и повеќе ја чувствувам траумата .Како во хорор филм да бевме во живо- вели за Бриф, Лазаревска.

Тоа што го преживеала заедно со другите колешки пратенички, вели дека никогаш нема да го заборави.

-Овие трауматични моменти никогаш нема да ги заборавам , бев горе заедно со останатите пратенички , а Павле Богоевски беше крвнички тепан во обид да не заштити од линч… Само нашата присебност, сплотеност и пасивниот отпор не спасија од насилно фрлање од балконот кое беше и намерата на терористите…

pavle_bogoevski3

На моите во порака им напишав дека сум добра не знаејќи дека тие ме гледаат во живо како се движам низ галеријата ваму таму носена од толпата и инстиктот за самоспасување. После некое време некој ме фати за врат. Мислев дека ќе ме фрли по скалата да ме изгазат. Но ме упати кон спротивната сала и ми рече седи внатре ќе бидеш побезбедна. Се после беше како во хорор филм , крици на избезумени , крволочни закани за убиство на Зоран Заев, вриштења на луѓе, претрес и вриштење на новинарки …страв дека ќе не испоубијат, шок бомби, чад , коридор на специјалци и наше евакуирање од канцаларија во канцаларија , до конечна евакуација, многу наши пратеници облеани во крв…И ЕДНА ОГРОМНА НЕДОВЕРБА ВО ПОЛИЦИЈАТА !!!- раскажува Лазаревска и додава дека сака луѓето да знаат што доживеале, да ја знаат вистината за никогаш повеќе да не се повтори.

zaklina