Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна
Бендевска имаше средба со членовите и симпатизерите на партијата во
Кавадарци, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
На средбата беа присутни и пратениците Бобан Карапејовски и Даниел
Стојчевски, како и министерот за правда Игор Филков.
Бендевска истакна дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија на

која и е важно да ги слушне граѓаните, нивните проблеми и заедно да
најдат решение за истите. Во плодната и конструктивна дискусија беа
дадени и предлози и решенија за развој на Општина Кавадарци и целиот
Тиквешки регион.
Во рамките на кампањата “Заедно повеќе знаеме”, потпреседателката
Бендевска, пратениците Карапејовски и Стојчевски, и министерот Филков
остварија средба и со членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија во Неготино.