ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ВОСПОСТАВЕНА СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ

0
392

Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни заеднички активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи.

Соработката како што утврдува меморандумот склучен помеѓу градоначалничката Данела Араовска и претседателката на Националниот совет Савка Тодоровска, се однесува на промоција и унапредување на родовата еднаквост на локално ниво, како и на подобрување на услугите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви на семејно и родово базирано насилство.