ПОТОП НА РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ : Рејтингот на Мицкоски е за 14 процентни поени помал од рејтингот на Заев!!!

0
1524

Премиерот, Зоран Заев, е најпопуларниот политички лидер со 21,4 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него. 14 процентни поени зад него е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во кого доверба имаат 7,4 отсто од граѓаните. На бегалецот Груевски, пак, му веруваат само 2,7 отсто од испитаниците на анкетата на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.

По Мицкоски следи Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.

Сепак, најголем процент или 39.9 од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Голема поддршка за Заев доаѓа од етничките Албанци. Анкетата покажала дека Заев го поддржуваат 17,6 отсто од анкетираните етнички Албанци, а од етничките Македонци го поддржуваат 21,2 отсто. Заев е втор лидер по популарност кај Албанците, прв е Ахмети, а трет е Села.

На прашањето „доколку утре има избори за која партија би гласале“, најголема доверба и е дадена на владејачката СДСМ, или 26,8 отсто одговориле дека ќе гласаат за социјалдемократите. За ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 21,5 отсто.

Сепак ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците, или 30,4 отсто од испитаниците кои се етнички Македонци одговориле дека ќе гласаат за оваа партија, додека 25,5 отсто од етничките Македонци одговориле дека ќе гласаат за СДСМ.

Во овој дел кај Албанците СДСМ има мала предност пред ДУИ со тоа што 27,5 отсто од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 27,0 отсто за ДУИ.