Посета во ЦУК од претставници за спасување од Спелеолошката федерација на Македонија и работна средба со директорот Ангелов

0
729

Денеска (15.04.2021), Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во рамки на континуитетот воспоставен од почетоков на годинава, оствари работна средба со претставници на спасители во природа, но и во урбани средини, конкретно со: Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија и раководител на Спасителната служба „Златоврв“ и Сашко Петрески од СС „Златоврв“. Средбата беше остварена секогаш актуелната тема: спасување човечки животи, по меѓународни стандарди во нашата држава, при тешки временски услови и на тешко пристапни места во сите годишни времиња.

На средбата со Ангелов о ЦУК, беа разменети информации за обостраните можности за соработка и координација за воспоставување релации и за спасување човечки животи во природа (во пештери, длабоки јами и слично), но и во урбани средини, при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби и соработка со ЦУК за спасување човечки животи во природа е планирано да продолжи.

Овој континуитет и интерес на невладините здруженија и федерации коишто се и за спасување човечки животи во тешки услови во природа, но и во урбани средини,  дава и еден правец за заедничко препознавање, на и од, ЦУК како важен дел од Системот за управување со кризи во контекст за пренесување и координација на нивното искуство и можности за спасување животи. Тоа, како што нагласија присутните спасители од  Спелеолошката федерација на Македонија и Спасителната служба „Златоврв“, се искуства од минатите активности, сегашноста, а коишто во соработка со институциите и ЦУК, ќе се координираат и надоградуваат согласно современите светски текови, искуства, а и во идна нова поставеност во и на ЦУК и Системот за управување со кризи во државата (СУК), за спасување човечки животи, по меѓународни стандарди.