ПОРТУГАЛИЈА ЌЕ ПАТУВА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР СО ПОБЕДА НАД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОД 2 : 0 СО ГОЛОВИТЕ НА БРУНО ФЕРНАНДЕШ

0
617

Фудбалската репрезентација на Македонија не го помина последното скалило до Светското првенство во Катар, откако во финалето од баражот загуби со 2:0 од Португалија во Порто.

Бруно Фернандеш, поранешен соиграч на македонскиот капитен Стефан Ристовски кога играше за Спортинг, беше стрелец на двата гола за домаќинот на „Драгао“ во 32. и во 65. минута.

На мундијалот ќе игра и Полска, која ја совлада Шведска исто така со 2:0.