Портпаролот на МВР Ангеловски во Дебар – за еден ден санкционирани 234 возачи, за 12 посто намалени сообраќајните незгоди на ниво на цела држава а бројот на загинати за 14 посто!

0
584

МВР со своите акции во сообракајот видно го има намалено бројот на сообракајни незгоди и бројот на жртви. Само во текот на вчерашниот ден на потегот Јажинце-Тетов0о, – Гостивар – Маврово и Дебар на оваа делница изречени се 234 санкции за брзо возење од кои 23 за 73 километри повеке од дозволената брзина. Оваа денеска во Дебар го изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски кој додаде дека брзото возење создава големи проблеми во безбедноста на сообракајот.

Портпаролот Ангеловски рече дека акциските контроли евидентно е дека ги намалуваат незгодите како и жртвите во сообракајните незгоди.

,, Во периодот 1 јануари до 15 април годинава има намалување за 12 насто на сообракајните незгоди во споредба со истиот период минатата година, додека бројот на жртвите во сообракајот во истиот период е помал за 14 насто,, – нагласи Ангеловски и додаде дека акциите на МВР во сферата на безбедноста во сообракајот ке продолжат со истата динамика .

Тој упати апел до гражаните на Дебар како и во другите градови на нашава земја да ги почитуваат правилата во сообракајот и да продонесат за безбедноста во сообракајот.