ПОРТАЛОТ А1ОН И МЛАДИОТ НОВИНАР КРИСТИЈАН ЛАНДОВ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ЈА ДРМААТ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ, ЛИДИЈА ДИМОВА СЕ БРАНИ, ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА КРАЈОТ

0
1429

Линк до целата сторија и новите моменти за оваа афера ОВДЕ.

Што ќе биде на крајот, дали имало криминал во грантот од близу 300 000 евра и дали имало знаење и вмешаност во сето тоа на директорката Лидија Димова ќе видиме овие денови, но важно младиот новинар Ландов не се предава и добро си ја завршил домашната задача, многу спорни моменти, ќе видиме дали се само случајност или пак водат кон голем престап и корупција, јавноста ќе дознае, вистината ќе излезе на површината.

Во меѓувреме, ЗНМ и синдикатот ја обвинија директорката дека се брани премногу жестоко и користи дискфалификациии и навреди кон нивинарот, веројатно погодена од нападите и таа малку излегла од рамките на она што досега сме навикнале и се очекува од луѓе кои се предводници на такви институции кои би требало да се пример за одговорно и европско однесување.

Засега битката е изедначена, иако сторијата е бомбастична сепак засега Димова но и споменатиот носител на проектот успешно се бранат со добри објаснувања и аргументи, ќе видиме до кога тоа ќе биде така, не знаеме истрагата на Ландов каде ќе води и што се ќе има како нови детали.