Поранешни студенти: Министерке Дескоска, одблокирајте ги родовите студии

0
1243

Поранешните студенти од Институтот за родови студии при Филозофски Факултет во Скопје (УКИМ), праќаат отворена барање до новоизбраната Министерка за образование и наука, проф.д-р Рената Тренеска –Десковска, за деблокирање на уписот на нови студенти на истоимениот Институт, кој 5 години од страна на МОН и Владата на Република Македонија, беа ставени во мирување и немаше упис на нови студенти со известување дека имало премногу кадар, а малку побарувачка на пазарот на трудот од таков профил на дипломирани студенти.

„Затоа ние поранешни (дипломирани) студенти од Институтот за родови студии, бараме од Министерката за образование и наука да го разгледа нашето барање и во пресрет на излегувањето на Конкурсот за упис на нови студенти при УКИМ –Скопје, Институтот за родови студии да биде одблокиран од страна на МОН и Владата на Република Македонија. Филозофски Факултет иако доставува барање секоја уписна година за одреден број на нови студенти, сепак од страна на МОН и Владата беа ставани во мирување од нејасни причини.

Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е единствената образовна единица во Република Македонија на која може да се стекне формално академско образование на додипломски студии од областа на родовата проблематика. Неговото отворање предизвика огромен интерес во нашата средина за што сведочи нашиот упис и нашите индекси со кои се гордееме. Во изминативе седум години, покрај совладувањето на наставните содржини бевме вклучувани во сите проекти што ги иницираа и спроведуваа нашите професори и во проектите реализирани со партнерски организации и институции. Станавме видливи и препознатливи во јавноста по нашите заложи за постигнување на родовата рамноправност. По пет години успешно функционирање, уписот на нови студенти на Институтот за родови студии е ставен во мирување, и во моментот не се одржува настава со ниту една генерација бидејќи се ставени во мирување веќе петта година по ред“, стои во писмото.