ПОРАНЕШНИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД, ЏО БАЈДЕН ГИ ИСПОФАЛИ ВЛАДАТА И ЗАЕВ : Успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа

0
950

Премиерот Зоран Заев прими писмо од поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, во кое истакнува дека му претставувало чест што се сретнал со премиерот Заев на конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања, соопштија од владината прес-служба.

Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите, напишал Бајден.

Како што соопштија од Владата, Бајден напишал во писмото дека со нетрпение го очекува денот кога Република Северна Македонија ќе биде пречекана како полноправна членка на НАТО.

-Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување, нагласил Бајден.

Ве уверувам, додал Бајден, дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина.