ПОРАДИ ВАКВИ ‘ИНФЛУЕНСЕРИ’ НИ БЕГА НАРОД ОД ДРЖАВАТА : ЛИЛА ФИЛИПОВСКА РЕКЛАМИРА ЛИХВАРСТВО ИЛИ ПОТОЧНО ЛИХВАРСКИ КРЕДИТИ ЗА КОИ ОД ФИНАНСИИ ГИ СМЕТААТ КАКО НИШТОВНИ ДОГОВОРИ!

0
696

Лила Филиповска го рекламира ,,Кредисимо”, рекламирање на лихварство или поточно т.н. брзи кредити кои министерот за економија како и финансии ги сметаат тие договори за ништовни.

Се стега обрачот околу финансиските друштва кои незаконски ги „дереа“ граѓаните за издадените брзи кредити. Министерството за финансии во мај и во јуни ланската година извршило надзор врз работењето на друштвата.

Сознанијата на контролорите ги докажаа пишувањата на медиумите, со кои тврдевме дека некои друштва наплатуваат повеќе од законскиот максимум, други им бараат на граѓаните да обезбедуваат гарантори, а кога нема да ги обезбедат им наплаќаат огромни провизии, кои не ги вклучуваат во стапката на вкупни трошоци, со што ги манипулираат клиентите.

На прашање од нашата редакција околу овие брзи кредити дали и како може да се регулираат од министерство за финансии велат дека на ваков начин друштвата работат на штета на клиентите и граѓаните и некои од договорите на друштвата имаат карактер на лихварски договори, кои пак се ништовни.

Покрај Лила Филиповска во нејзиното друштво спаѓаат и Горан Пандев, Кире Лазаров и Иџе Стефановски кои рекламираат лихварство или поточно лихварски кредити и коцкарници.