Попоски: Нова промена на времето – овој пат станува збор за сосема друга промена

0
1297

Брзиот бран од север кој помина во текот на изминатата ноќ речиси и ја напушти нашата држава и истиот донесе слаби локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините провејуваше снег. Претпладнево сеуште времето е променливо облачно но веќе на некои места и со сончеви периоди додека на некои места сеуште има позначителна облачност. Дува слаб до умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец.

До крајот на денешниот ден облачноста постепено ќе се намалува и времето ќе биде сончево со умерена облачност но ќе продолжи да дува слаб до умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правед додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 10 до 17 степени.

Утре (17.03.2017) ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време односно сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен, Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 8 до 17 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ