Помош за Албанија после земјотресите ќе пристигне од Европа и САД

0
798

Земјите од регионот почнаа да се солидаризираат со Албанија. Како што напиша премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Италија и Грција, Џузепе Конте и Киријакос Мицотакис, испратиле авиони со специјални екипи.

Помош најавиле и преседателот на Франција, Емануел Макрон и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и амбасадите на Европската Унија и САД.

Претседаетлот на Косово, Хашим Тачи изјави дека специјални едицници тргнале кон Албанија.

Инаку, надлежните институции во Албанија ги советуваат граѓаните да останат надвор од своите домови.