Полските ВМРОВЦИ го запалија знамето на Европската Унија

0
1544

Учесниците во масовната поворка во Варшава по повод 100-годишнината од независноста на Полска го изгореа знамето на Европската унија.

“Знамето на ЕУ беше изгорено. Толпата извикуваше: “Долу Европска унија!”, напишаа од десничарската организација “Општополска младина” на Twitter и објавија фотографии.

Според информациите на локалните власти за безбедност, во поворката во полската престолнина се вклучиле околу 250 000 луѓе.

Крајните националисти меѓу толпата фрлале димни бомби и петарди.