ПОЛА ВМРО ДПМНЕ ВО ЗАТВОР – Проневериле пари со палмите покрај Вардар? – Осомничен екс директорот на национални шуми и 20 бизнисмени

0
2305

Многу зборуваните палми, кои беа засадени покрај реката Вардар, од кои дел се исушија, а дел беа уништени, се купени со злоупотребени пари на државата, пишува 21ТВ.

Цената одредена од компанијата која ги продала палмите е многу повисока од вистинската, односно пазарната цена. Екс директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски, е осомничен дека заедно со 20 бизнисмени од Тетово и Гостивар злоупотребил државни пари во вредност од 1 милион евра. Истражувањето на ТВ21 покажа дека компанијата Росен Центер ги продала палмите со неколкукратно повисока цена.

Палма од 5 метри, цена од фактура 4 233, а на Македонски шуми и се продадени се за 28 438 денари.

Палма од 6 метри, цена од фактура 5 751, а на Македонски шуми и се продадени се за 39 814 денари.

Палма од 8 метри, цена од фактура 13 687, а на Македонски шуми и се продадени се за 45 502 денари.

Две години по ред Финансиска полиција го истражувала случајот, вели директорот на ова институција, Арафат Мухареми. Тој додаде дека откриле фиктивни фирми од Гостивар и Тетово кои добиле јавни набавки или тендери од државните институции.

„Целиот процес и предмет се поделени на два дела, во едниот дел е констатира злоупотреба на службената должност од поранешни директори и другиот дел е за следење на трансакциите до последното лице каде завршиле финансиските средства од истите трансакции со кои се платени палмите“, посочи Арафат Мухареми.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека МВР продолжува со истрагата за овој случај и вклучените лица ќе одговараат пред надлежните органи.

Извор: 21 ТВ