ПОКРАЈ ВЛЕЗОТ ВО НАТО, ОВА ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА ЗАЕВ: Девет енергетски компании поминаа во постапката за Чебрен, Заев верува во успешноста на тендерот

0
1004

Девет најголеми енергетски компании поминаа во постапката за ХЕ Чебрен, меѓу кои француската, шпанската, грчката, италијанските, австриските, две големи турски и една голема кинеска компанија, информира денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

– Тоа се буквално џиновски компании од светско ниво. Веруваме дека после 11 неуспешни тендери за Чебрен овојпат дека ќе успее тендерот, заради тоа што условите што овојпат државата ги дава се неповторливи, односно се профитабилни, за да може да има доволно мотивација од потенцијалните инвеститори да овој проект вреден до 800 милниони евра е обновлив извор на енергија, односно еден сериозен потенцијал, рече Заев.

Додаде дека најверојатно во април ќе се распише постапката за јавно-приватно партнерство или концесија во ТЕЦ Неготино.

– Во моментот се прави физибилити студијата за оваа постапка заради тоа што и таму може да се постават некои 200/220 мегавати гасна централа заради одличната локација што ја има, рече Заев.