Кендис Сванеапол речиси од неодамна стана мајка, но веќе се соочува со остри критики поради јавните фотографии каде го дои синот. Од друга страна, манакенката воопшто не се срами од тоа, па го прави кога е на ревија, на плажа или во природа.
“Жените кои ги хранат своите деца на најприроден и најубав начин на светот упорно се навредуваат, вербално ги напаѓаат. Многу пати ме предупредувале дека требало барем да се покријам или уште полошо, да се срамам бидејќи го дојам синот надвор од четирите ѕидови, а на истите тие луѓе не им пречи да ме гледаат во топлес издание во некој магазин. Едуцирајте се, доењето не е сексуална работа”, порачува Кендис.
Таа е еден од водечките модели на Викторија Сикрет, а работи и на останати модни кампањи.
Таа и нејзиното долгогодишно момче кој исто така се занимава со манакенство, Херман Никол имаат едногодишен син Алек.