ПОЗНАТАТА АДВОКАТКА СУЗАНА ЈОШЕВСКА : ПРОБЛЕМОТ Е И ШТО ЛАТАС НЕ СОЗРЕАЛ КАКО ЧОВЕК ОД ВРЕМЕТО КОГА ИМАЛ 15 ГОДИНИ

0
1434

Познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска преку својот фејсбук профил се огласи за интервјуто на новинрот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров, кој буквално ја зовре целата држава и ги разгоре коментарите на социјалните мрежи.

Нејзиниот статус го пренесуваме во целост.

„Покушајот“ во Фиќо кој е повеќе оставен на нашата фантазија, но сепак раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност (шамари, замаглени стакла, спомнување повеќе мажи, еден татин син и буткање во ситуација „немајкаде“) сугерира дека покрај жртвата во фиќото, и тој што „покушавал“ е жртва на машката токсичност која на сите нас растени во скопските маала добро ни е позната, видена и слушната.Како што такви случки оставаат недвосмислена траума за девојките, многу често оставаат долгорочни негативни последици и на младите момци кои се втурнати во ситуации да имаат секс со непозната жена откако друг имал секс со неа (да не дебатираме околу ова, замаглени стакла тоа значат) свесен дека е извесно дека добила шамари бидејќи тој така “имал однос”.

Во дадениот момент тоа 15годишно момче ниту има емотивна зрелост ниту капацитет да сфати дека тоа што го прави е погрешно и дека учествува и директно придонесува во уништување на нечија личност. Но, нема капацитет ниту да сфати дека тоа што му го прават е погрешно.

Проблемот е што тоа 15годишно момче досега не пораснало ни педа, па низ годините единствено создало механизми кои му помогнале само да ја прифати таа состојба како дадена, надвор од негова контрола, да не речам, нормална. Ниту за 40 -тина години подоцна не ја сфатил сопствената одговорност, неговата психа не креирала емпатија (погрдно ја нарекува сиротиња) и едноставно прифатил дека “тоа така се правеше” сака да рече “така ние прв пат имавме секс”, бидејќи прашањето е “Дали е точно дека првата не се заборава?”.