ПОЖАРОТ ВО БЕРОВСКИОТ РЕГИОН Е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

0
434

Пожарот во планските ридови помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.

„Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот“, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Во објавата се посочува дека во текот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово.