ПОЖАРНИКАР СЕ ПОВРЕДИ ДОДЕКА ГАСНЕШЕ СТАРА БИБЛИОТЕКА СО ПРИЛЕП, ТАТКО И СИН СЕ ПРЕВРТЕЛЕ ОД ЧЕТИРИЦИКЛ КАЈ ЉУБЉАНЦИ, ПРЕНЕСЕНИ СЕ ВО БОЛНИЦА

0
484

Пожарникар се здоби со повреди при гаснење пожар што избувна вчера на улицата Рампо Левката во Прилеп, во стара напуштена библиотека.

„Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а притоа со повреди се здобил пожарникарот Д.Б.(45) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.

Увид извршила полициска екипа.

Вчера во Полициската станица Чаир, Г.М.(42) од Скопје пријавил дека на планината над селото Љубанци, Sкопско, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, на кој сопатник бил неговиот малолетен син, се превртеле и паднале.

По несреќата, двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на малолетникот му биле констатирани телесни повреди, а на Г.М. му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.