ПОД ПРЕВЕЗОТ НА УРБАНАТА ОПРЕМА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ И АЛЧНОСТА ЗА ПАРИ

0
1272

На ден 11.08.2010 год.на официјалната страна на ЕЛС Општина Прилеп беше најавена реализацијата проектот за изградба на кружен тек и споменикот „Карпалак„ а потоа беше презентирана и неговата изградба.

zharestefanoski

Споменикот „Карпалак„ беше посветен на 10-те Прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија кои за време на конфликтот во 2001 година го загубија животот во заседа кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје.
При реализацијата на овој проект на ЕЛС Општина Прилеп, беше должна да се раководи исклучиво од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата „Сл.Весник на РМ бр.66/04„. Со овој закон се уредуваат прашањата поврзани со одбележувањето на значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја, условите и постапката за подигање на меморијалните споменици и спомен-обележјата, субјектите одговорни за нивното подигање, заштита, чување, регистрите за нивна евиденција, како и надзорот и контролата над спроведувањето на одредбите на овој закон.
Наместо тоа Локалното раководство на Општина Прилеп работата ја завршиле вака:
На ден 26.01.2010 год. во Службен Гласник Бр.1 на Општина Прилеп Градоначалникот Марјан Ристески донесе Заклучок за објавување на Програмата за уредување на земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2010 год. Бр. 08 – 184/2 од 26.01.2010 година а во програмата за чудо изградбата на споменикот Карпалак, е предвиден во ставката ЈН точка 1„Урбана опрема„-изградба на споменици меѓу кои е и изградба на споменик на Крал Марко и тоа за споменикот Карпалак предвидени се 30.000.000,00 денари а за споменикот Крал Марко 3.500.000,00 денари.
Интересно е тоа што согласно донесената програма во 2010 год. за изградба на споменикот „Крал Марко„ беа предвидени само 3.500.000,00 денари а со Програмата за уредување на земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2015 год. таа цифра достигна до неверојатни 8.100.000,00 денари согласно официјалното Известување Бр.18-15/1-4 од 18.06.2015 год.на Раководителот на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина при ЕЛС Општина Прилеп.
Првично иградбата на спомен обележјето на Крал Марко започна со донација на калап на статуата на Крал Марко, еден обичен калап кој на Локалното раководство им послужил како идеја од која ќе се изроди цел еден проект за изградба на спомен обележје вредно 8.100.000,00 денари. Тоа ти доаѓа нешто слично како некој да ти подари чачкалица а тебе да ти дојде идејата да изградиш отмен ресторан.

Види Проект за кружен тек и споменик ,,Карпалак” ОВДЕ
Согласно Законот за градење под поимот „Урбана опрема„ се подразбира опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатско-конзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, опрема во функција на туристички, културни, спортски настани, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени шанкови, рекламни и информативни паноа, детски игралишта, настрешници кои се поставуваат на јавна површина, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци.
Па со оглед на тоа што општите поими за тоа што претставуваат спомениците во овој Град се дефинирани во законската регулатива и со оглед на тоа што првите луѓе на овој Град спомениците ги третираат како „Урбана опрема„, останува да виси прашањето, како би се одвивала постапката за нивна изградба кога би се следело словото на законот, оној пред кого би требало сите да сме еднакви нели? И немам намера да елаборирам за законските рамки ами ќе оставам на главештините во овој наш Град да се потрудат да читаат малку од она кое требало да го читаат во време кога грабале кон популизмот и алчноста за личен бенефит и кога ги водела помислата дека се богови за кои земните закони не важат.
Токму поради погоре наведеното и чувството дека токму луѓето кои би требало да имаат елементарни познавања на поимите и основниоте законски рамки под кои би требало за врши реализација на било кој проект од локално значење, или појма немаат што прават и на каков начин ги прават нештата или сите нас не сметаат за тотално неписмени и несвесни човечиња за нивните политики и мотиви.
Доправа за сето ова ќе има еден куп неодговорени прашања кои сами по себе ќе ја затегаат јамката на кој се обесиле. Во правото постои една изрека кој вели „Успех, е да го доведеш противникот во состојба во која секој негов обид да се одбрани ја циментира твојата победа„.

11748714_1077558598921276_1359041174_n 11749375_1077558608921275_1562095252_n
Пишува : Адвокат Жарко Стеваноски