Поддршка од Партијата на Европски социјалисти до СДСМ за кредибилни, фер и демократски избори

0
862

„Партијата на Европски социјалисти (ПЕС) изрази целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување на фер, демократски и кредибилни избори во интерес на Република Македонија и сите нејзини граѓани.

ПЕС изразива длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти парламентот и бара власта да вложи максимални напори за да се обезбедат потребните услови за фер и демократски избори.

ПЕС ги нагласува главните проблеми: изборните измами врзани со избирачкиот список, недостатокот на слобода на медиуми и контроверзните одлуки на Уставниот суд за помилување на изборни измами.

Претседателот на Партијата на Европски социјалисти, Сергеј Станишев, во името на ПЕС ја повикува Владата на Република Македонија да ги спроведе потребните реформи согласно договорот од Пржино.

„Ние не можеме да прифатиме дека сегашната десничарска влада се заканува на медиумите, ги прогонува опозициските лидери и тоа што бесрамно одлучува да не дејствува и покрај наводите дека 330.000 гласачи од избирачкиот список, што e повеќе од 18% од вкупниот список, можат да бидат спорни“, рече Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европските социјалисти.

Станишев додава дека СДСМ е политичката опција која што храбро се бори за слободни избори и почитување на волјата на сите граѓани.

Токму слободни и фер избори, преку прочистување на избирачиот список и регулирање на медиумите се во интерес на граѓаните и на државата“, соопштуваат од СДСМ.