Погледнете што ни носи денот недела

0
1130

Утре (29.01.2017) ќе имаме малку поинаква временска состојба во Македонија што значи времето ќе биде умерено, на некои места ќе има и позначителна облачност.

Особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег а не се исклучува на некои од пониските места да има и слаб дожд и снег.

Ќе биде претежно тивко а по одделни котлини ќе има услови за магла и за ниска облачност.meteomax1

Минималните температури и натаму ќе бидат многу ниски и ќе се спуштат во интервал од -12 до -2 степени додека на оние места каде што обично е најстудено температурите можно е да паднат до околу -15 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!