ПОГЛЕДНЕТЕ КОЕ Е ОВА ВМРОВСКО РАСИПНИШТВО, КОЈ ДИЛЕТАНТ, КОЈА ПИЈАНДУРА, КОЈА СТОКА : Директорката на домот за деца 11 Октомври сама на себе си давала дополнителен хонорар од 50.000 денари на платата од 60.000 денари, на сметка на домот си купувала накит и алкохол!!!

0
7168

Како реакција на вчерашната прес конференција на Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ, за наводен прогон на вработени во администрацијата, Министерството за труд и социјална политика ги споделува со јавноста следниве факти:

Поранешната директорка на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, Ристена Атанасова, не e разрешена, туку на 16.07.2017 година ѝ е истечен 6 месечниот, незаконски продолжен мандат како в.д. директорка.

Имено, по два четиригодишни мандати, Атанасова воопшто немала право повторно да биде номинирана за извршување на функцијата директор, согласно Законот за работни односи. Но, и покрај оваа законска пречка, таа добила в.д. мандат и договор на 6 месеци, кој истекол на 16 јули 2017 година.

Министерството за труд и социјална политика смета дека е од јавен интерес да се знаат и неколку дополнителни информации во однос на работата на Атанасова:

– Поранешната директорка, без никаков законски основ ги додавала сите можни надоместоци (полноќна работа, празнични денови…) на основицата на нејзината плата, и на тој начин си исплаќала самата на себе си и до 50.000 денари.

– За време на техничката влада, Атанасова е разрешена од тогашната министерка Фросина Ременски, по основ недоставување на извештај за финансиско материјално работење на Домот „11 Октомври“, што е законска обврска на директорката.

– Поранешната директорка Атанасова набавувала скапи телефонски апарати, при што дел од трошоците паѓале на товар на Домот „11 Октомври“.

– Во финансиската служба на Домот, исто така се евидентирани нејасни фактури и тоа за набавка на алкохолни пијалоци во висина од 12.000 деенари, како и за набавка на рачни часовници во висина од 30.000 денари. И, двете набавки се нејасни и допрва ќе се разгледува нивната оправданост.

Министерството за труд и социјална политика ја користи оваа можност да ја информира јавноста дека во рамките на Домот за деца без родители ,,11 Октомври’’ Скопје, постојат сериозни индиции дека била злоупотребувана службената положба од страна на поранешната директорка Ристена Атанасова и кога ќе се направи ревизија, ќе бидат преземени сите дејства согласно законската регулатива.