ПОВРЕДЕНИ НАЈМАЛКУ 29 МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕН КАМИОН НА КЛУЧКАТА КАЈ МАРВИНЦИ, ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛ

0
599

Најмалку 29 мигранти се повредени откако вечерва на клучката кај Марвинци (Валандово) излета од патот  камион во кој се превезувале. Станува збор за превртена „сканија“ полна со мигранти.

„Добивме повик за поголем број повредени мигранти – 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, биле околу педесетина, такви ни се првичните информации“, рекоа од Брзата помош Кавадарци за МИА, а интервенирала и Брзата помош од Неготино, додека во Велес добила повик да биде подготвена за интеревенција.

Од Гевгелиската болница не сакаа да кажат број на повредени оти очекуваат дека во текот на вечерва ќе пристигнат и други.

Според првичната информација од МВР, денеска во 18:10 часот, пријавено е дека товарно возило излетало од патот на клучката кај Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија-Демир Капија.

„Утврдено е дека се работи за товарно возило ‘сканија’ со приколка со скопски таблички. Возачот избегал, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР и најавија дека детали за тешката сообраќајна несреќа ќе има утре.

Извор : СДК.МК