„Победникот“ Грујо остана со прстот во уста, Коцијанчич го ЗАКОПА: Ќе честитаме на оној кој ќе состави Влада

0
5416

Европската комисија нема да му честита на победникот на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, туку тоа ќе го стори откако ќе биде избрана новата влада и премиер, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

-Ве молам имајте предвид дека честитките традиционално се испраќаат кога владата и премиерот ќе бидат избрани, рече Коцијанчич.

Таа се повика на изјавата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан дадена претходно и не сакаше да му честита на ВМРО-ДПМНЕ.