ПЛУСИНФО И ГЕРО ФАТЕНИ ВО НОВА ЛАГА – ЈСП ГИ ДЕМАНТИРА : НАБАВКИТЕ СЕ ВО ГАРАНЦИСКИОТ ПЕРИОД, ШТЕТИТЕ ГИ ПОПРАВА ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА

0
967

Ниту Град Скопје ниту ЈСП Скопје нема да потрошат ни цент од буџетските средства, односно пари на граѓаните, а не пак 377 илјади евра! Средствата ќе бидат покриени од страна на осигурителните компании и тоа преку каско осигурување или А/О, односно народски кажано со европски извештај – се вели во демантот.

Од Јавното сообраќајно претпријатие реагираат на текст објавен во Плусинфо, во кој, како се вели, биле изнесени груби невистини.

– Во објавениот текст За само една година ‘квалитетните’ и ‘штедливи’ автобуси на Шилегов не чинат нови 377 илјади евра потпишан од Милош Милошевски, објавен на INFOMAX.мк, а пренесен во повеќе портали, изнесени се груби невистини при што авторот се повикува на склучен договор кој (не)намерно го толкува на начин со кој на јавноста и пренесува лажна слика за работата на ЈСП Скопје, односно Град Скопје. Доволно е елементарно познавање на проблематиката за да од склучениот договор се пренесе вистината и фактичката состојба за набавката – се вели во демантот од ЈСП Скопје.

Од претпријатието укажуваат и појаснуваат дека предмет на набавка се резервни делови и материјали за одржување на автобуси МАН за време на гаранциски период во случај кога штетата е настаната од страна на трети лица (сообраќајна незгода), кои делови или материјали се покриваат од страна на осигурителна компанија.

– Имено, во случајов, ниту Град Скопје ниту ЈСП Скопје нема да потрошат ни цент од буџетските средства, односно пари на граѓаните, а не пак 377 илјади евра! Средствата ќе бидат покриени од страна на осигурителните компании и тоа преку каско осигурување или А/О, односно народски кажано со европски извештај. Инаку, ЈСП Скопје после една година од пуштање во употреба на новите МАН возила, веќе регистрира придобивки од нивното користење од повеќе аспекти, а пред се бенефитот го чувствуваат корисниците на јавниот превоз – се вели во реакцијата од ЈСП.