ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ВОЗИЛОТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКА, ГАЛЕТАНОСКИ

0
770

Утринава по 3 часот по полноќ во скопско Дебар Маало се случила тешка сообраќајна незгода во која учествувал директорот на скопската зоолошка градина Ѓорги Галетоновски.

Тој тврди дека има повреди на главата и вратот, но дека засега се чувствува добро, а дека лицето кое ја предизвикало несреќата било во алкохолизирана состојба.

Од МВР велат дека се уште немаат информации за случајот.

Од она што може да се види од фотографиите, комплетно е уништено возилото на Галетановски.

Тој во изјава за „A1 on”  тврди дека несреќата се случила во скопско Дебар Маало кога во неговото возило со голема брзина удрило друго возило, „опел астра“.

„Возев накај Универзална за да го оставам другар ми дома, кога на раскрсницата од споредната улица со голема брзина во мене удри автомобил „опел астра“. Ударот беше силен, се освестив за кратко и ме однесоа во Ургентниот центар. Имам повреди на главата и на вратот, но се надевам дека сум добро. Во болница дојде полицијата, дадов изјава, и колку што разбрав, луѓето во другото возило биле во алкохолизирана состојба“, изјави тој.