(ПИСМО) Родителите бараат да биде казнет наставникот од Кр.Паланка кој користи вулгарен речник

0
1948

Откако пред неколку дена објавивме прилог во кој според нас потсетивме како не треба да се однесува еден просветен работник, до нашата редакција пристигна писмо од родители на деца чиј наставник е лицето Игор Стојчевски од Крива Паланка.

Во прилогот потсетивме дека на фејсбук профилот на овој наставник речиси и да не можеме да најдеме некоја објава во врска со образованието, некоја негова идеја, активност, личен придонес во таа област, но затоа секојдневно истиот објавува политички прилози против владејачката партија. При самото политичко агитирање, на оваа социјална мрежа, Стојчевски најчесто се служи со вулгарни зборови.

“Како родители чии деца учат во училиштата во с. Огут, Жидилово и Подржикоњ сме згрозени од начинот на кој се изразувал по социјалните мрежи наставникот Игор Стојчевски од Крива Паланка.

Со ова наше заедничко писмо сакаме да го покажеме нашиот гнев и разочараност но во ист момент и загриженост, за тоа какви лица работат во образованието.

Просветен работник е благородна професија. Наставникот е пример за своите ученици. Но каков пример покажува овој наставник кога во неговиот речник на социјалните мрежи најчести зборови му се: КУРВА, ОРОСПИЈО, СЕКС, ГОМНАРКЕ, ПРОКЛЕТНИК, ПРЕДАВНИЦИ, ГАДОВИ, ДАВИ СЕ ПЉУКНАМ, потоа колнење до 10 колено, споделување на среден прст, долга е раката на ВМРО, пцовки и уште многу други вулгарни зборови и изрази.

Затоа, ги молиме надлежните институции да поработат на овој случај и наставникот Стојчевски да биде соодветно казнет и ова да биде пример за другите носители на битни општествени функции да внимаваат како се однесуваат во самото општество.

Во надеж дека ке го објавитме ова наше писмо, ви благодариме однапред.” – се вели во реакцијата од загрижените родители.