„Писмо од вработен во П.Ш.С. ,,Плачковица“-Виница“

0
1752

Како и во другите општини,така и во Виница жителите имаат проблем со набавка на огревно дрво.Граѓаните мака мачат како да обезбедат залихи од овој огревен материјал,а најтешко е да се добијат од П.Ш.С „Плачковица“-Виница.Иако е единствено претпријатие на кое примарна цел му е снабдување на населението со огревни дрва ,таму веќе не се прима уплата на дрва дури ниту во готово.Тоа е само еден од проблемите на ова претпријатие со кој е запознаена целата јавност.Но овде има еден куп други недоследности и проблеми што треба да се обелоденат.Во ова претпријатие целосно е распаднат возниот парк.Ниту едно возило не е целосно техничко исправно за работа на терен,во шума.Меѓу вработените има невидена недисциплина.Голем број од членовите се примани на работа по партиска линија, од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои не доаѓаат на работа а земаат плата.За платите на вработените пак да не ни зборуваме.Во „Плачковица“-Виница платите се меѓу најниските во Ј.П.„Македонски шуми“.Да споменеме само дека во Виница, Шумската полиција како да ја нема,да не постои.Никогаш не излегува на терен а вработените ќе ги сретнете по локалите и кафеаните.