ПИРОВА ПОБЕДА на ДОБРОТО над ЗЛОТО

0
1142
Изминатиов викенд на граѓаните на Република Македонија им се случи КРВАВ ВИКЕНД. Но во исто време и ТЕСТ кој успешно го положија. Испитот се викаше МЕЃУЕТНИЧКИ СОЖИВОТ кој тие го положија со оцена 10. Ова јас го карактеризирам како ЕВОЛУЦИЈА на СВЕСТА (особено кај помладата популација),како и учење од грешките во минатото.
zoranjovanovski1
Чинам дека на Албанците веќе им е совршено јасно дека доколку се случи 2001 повторно оваа тензија низ која што проаѓаа Кумановци (како и сите ние) овој викенд, нема да трае само два дена ами многу подолго, ќе има многу повеќе жртви од двете страни и нема да се промени НИШТО. Пак ќе треба да живееме едни покрај други и пак ПАРИ ЌЕ НЕМА.
Исто така чинам дека Албанците (или барем предоминантен број од нив) им рекоа збогум на разно разни „Призренски Лиги“ како и налудничави идеи „Да биде Албанија до каде што има Албанска куќа“. Во јавноста до овој момент не се спомна некоја ЈАСНА политичка платформа на терористичката група, но мојот личен впечаток е дека истата група од страна на Албанците беше чувствувана како ТУЃА а не своја.
Од друга страна пак сметам дека и на Македонците им е совршено јасно дека Албанците се наши сограѓани и државјани на оваа држава и полагаат АПСОЛУТНО исти права, исто како нас (особено во делот на рамномерна застапеност при вработувањето) и околу ова не смее да има никакви дилеми. Неможе да очекуваме ниту еден Албанец во државава да биде задоволен ниту лојален кон истата ако му викаме „Паси си овци на Шар Планина“, „Отвори нешто приватно“ или „Барај си го чарето во Швајцарија“. Тоа е проблемот.
Правичната застапеност при вработувањето и овде би додал дека Албанците мора да бидат свесни дека ова ниту теоретски не е можно да се случи преку ноќ. Станува збор заСИСТЕМСКО ДЕЦЕНИСКИ пропуст. Што се однесува до политичките и културните права на Албанците како етникум (загарантирани со уставот на РМ) сметам дека се АПСОЛУТНО добри.
За овој успешно положен тест на граѓаните битна (не би рекол и КЛУЧНА, но битна) улога одиграа и медиумите. И тоа генерално сите, а овде посебно би ја издвоил Алсат М со прилогот во вестите на македонски во 17:30 на 10.05.2015 каде што граѓани и од Македонска и од Албанска етничка припадност даваа заеднички изјави, еден покрај друг (околу заедничкиот соживот) низ улиците на Куманово (чинам на влезот од дивата населба) Овде би сакал на кратко да истакнам дека режимските телевизии не ја пропуштија можноста да МИСЛАТ дека профитирале на дневно политичка основа, а тоа не беше случај со Телма и Алсат. Сепак ЛАТАС си е ЛАТАС.
Како завршница на првиот дел од оваа моја колумна згодно е да речам а со тоа и да завршам дека МЕЃУЕТНИЧКИОТ СОЖИВОТ ВО РМ НЕМА АЛТЕРНАТИВА !
(ДЕЛ 2-ри) нешто посериозно …
Во медиумите се пласираше тезата дека ова беше обид да се дестабилизира целиот регион. Грешка. Ова беше обид да се дестабилизира исклучиво Република Македонија, од причина што Косово е веќе независно, а во јужна Србија албанскиот екстремизам нема никакви шанси. Но имаат ли капацитет овие екстремисти за такво нешто?
Тоа беше тоа од нив или ги има уште и спремаат ли нешто ново? Мојата логика вели дека ако зад инцидентот во Гошинце беше можен фингерај од страна на актуелната власт (за одвлекување на вниманието на јавностаод актуелната политичка криза и кашата во која се најде истата) овде и за вакво нешто секаков владин фингерај за мене е НЕВЕРОЈАТЕН, независно од тоа што имам ПОТПОЛНА НЕДОВЕРБА кон оваа влада, како и кон институциите на системот.
Јас досега не слушнав политички проглас или некаков манифест за суштината на делувањето и целите на оваа терористичка група. Неможе да се тие без цел. Жилавоста што ја пружија при отпорот како и фактот што не користеа граѓани како жив штит мене ме наведува на заклучок дека не се само полупсихопатични социопатски профили на личности, кој што во основа НЕОСВЕСТЕНАТА цел им е всушност АВАНТУРА и АДРЕНАЛИН, туку имаат некаква политичка агенда.
Можеби играа на картата дека ако ги одбијат полициските напади ќе привлечат медиумско внимание а со тоа претпоставувам и популарност и масовност кај Албанците. Но на која и карта да играа,зошто главна улога ја играа КОСОВАРИ? И зошто стално тие Косовари сакаат да променат нешто овде? Ако Македонските Албанци сакаат некакви радикално насилни промени ќе го водеа самите сето ова.
Ова беше ПИРОВА победа на нашите специјалци, 8-мина загинати и 37 повредени од кои веројатноста вели дека половина од нив (повредените) во иднина ќе бидат она што народски се вели ПОЛА ЧОВЕК од претрпените повреди како и преживеаните трауми односно она што стручно во психијатријата се вели „Пост Стресен Синдром“ кој се јавува и по 6 месеци по стресогениот настан, а зависно од индивидуата ќе остави полесни или потешки но не се исклучени (во поретки случаеви) и фатални последици.
Во никој случај не би сакал да бидам критичен од причина што не сум безбедносен експерт, но овде ќе мора да се постави прашањето и на СТРУЧНОСТА како на самите специјалци така и на нивниот команден кадар поради ОГРОМНИТЕ (и до сега незапамтени) загубина наша страна, а понајвише до политичкото раководство што веројатно форсирало што е можно побрз завршеток на целиот овој случај.
Политичкото раководство рече дека ваквата брза акција била нужна од причина што терористите во иднина имале намера да напаѓаат и ЦИВИЛНИ ЦЕЛИ па дури и ГРАДИНКИ, но објективно е да се каже дека терористичката група не зема во заложништво цивили и не ги користеше како ЖИВ ШТИТ а се бореше машки. За крај на овој дел би додал дека паричниот надомест до семејствата на загинатите, како и повредените, но и паричната награда за инволвираните полицајци во акцијата, за мене е целосно ОПРАВДАН.
(ДЕЛ 3-ти) Има Иднина ….
Нормално е политичката криза,која пред се произлезе од содржината на прислушкуваните разговори да биде овие неколку денови ставена во втор план. Но од како сето ова ќе заврши им предлагам на нашите сограѓани Албанците како што бевме СПЛОТЕНИ во борбата против тероризмот и не дозволивме да се распламти пожарот наречен „Меѓуетничка омраза и нетрпеливост“, така да бидеме сплотени и против оваа владеачка гарнитура за која што веќе секаков коментар е излишен.
Предлагам заедно да се бориме за нова власт која нема да има изразито доминантна позиција во медиумскиот простор, која нема да пушта пипци во сите пори на општеството, која нема да зема провизии од тендери,која нема да биде раководена од двајца луѓе, која нема да биде сурова со политичките неистомисленици, која ќе вработува по објективни а не партиски критериуми, која нема да носи странски државјани да гласаат во нашата држава, која нема да мести избори, која нема да има едно лице за пред јавноста а сосема друго кога камерите не снимаат, која нема да ЛАЖЕ, која нема да втерува страв кај граѓаните и ќе им овозможи слободно да гласаат на избори и која нема да биде спремна по секоја цена да остане на власт.
Зоран Јовановски