ПЕТРОВСКА ПОДНЕЛА ТУЖБА ПРОТИВ КОВАЧКИ ЗА ХАЦИЕНДАТА, МУ НАЈАВУВА УШТЕ ЕДНА

0
505

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, поднела тужба против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за обвинувањата дека има хациенда во Радишани. Како што рече Петровска во вечерашното гостување на 360 степени, тврдењето дека има хациенда на местото на нејзиното живеење е измислена приказна.

-Адресата на која се наоѓа наводната хациенда никогаш не била на моја адреса, никогаш не сум се водела со место на живеење на таа адреса. Да, имам адреса на живеење во Радишани, тоа е парцела веднаш до хациендата која ја покажува Ковачки. Се работи за забуна – рече Петровска во вечерашното гостување на 360 степени.
Таа најави уште една тужба против Ковачки, а во врска со неговиот фејсбук статус каде тврди дека на територија на Косово биле уапсени двајца припадници на военото разузнавање испратени од министерката.