Петровска: Началниците на Чулев велеа дека немаат метро за да измерат 2 метра растојание

0
894

Славјанка Петровска, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, го обвини министерот Наке Чулев дека бројот на заболени е резултат на неговата колебливост и нерешителност.

„Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание. И Министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше“, напиша Петровски на фејсбук.
Таа додаде дека директорот на Бирото за јавна безбедност испраќал телеграми кои, според неа, началниците назначени од Чулев ги криеле во фиока.

„Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите. Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас“, порача Петровска.