КИЧМА СО ЈАЈЦА
Се покажа кој има, кој нема кичма.
Богами треба јака кичма. Со сите лудаци, уценувачи, интересџии и профитери закачени и натоварени на неа, да ја извадиш од кал заробената држава, да ја ослободиш од криминалци, национализам, омраза, угнетување на слободите, да им зборуваш исто на сите без оглед на припадност и да не делиш луѓе, да сочуваш идентитет и јазик на својот народ и решиш спорови со соседи што кочеа влез во НАТО и решавање на прашањето на стабилноста и нашата европска иднина.
И при тоа, да качуваш минимална плата, социјална помош, плати во образование, градинки, здравство, да носиш инвестиции, враќаш данок, да садиш а не сечеш, да градиш а не крадиш…
И, најбитно, да им отвориш и очи и усти на оние што 10 години не изустија ни збор или аплаудираа, додека коленичеа свиткани и послушни пред режимот на Груевски што ја ограби, опустоши и уназади земјата.
Со сето ова качено на грб и кичма – да водиш дијалог, наоѓаш решенија за секојдневни сопки, препреки, проблеми, инаети, хирови, суети, лаги, глупости…и – да одиш напред.
Тоа е кичма со јајца, прелепши мои, да ви каже Младичот вака најдиректно од куглата, традиционално после полноќ! 😎
Фејсбук статус на Петрит Сарачини.